Во текот на 2022 година се направија неколку инфраструктурни инвестиции во производствениот погон, како и поставување на нов епоксиден под. Исто така се инвестираше во проширување на команден панел за автоматско управување со фреквентни регулатори на машините за цедење на маслото за потребите на производниот процес. Дополнително се инвестираше во фотоволтаични панели за производство на електрична енергија, како и во градежни активности поврзани со инфраструктурно уредување, односно поставување пристап до производствениот погон. Поради зголемување на капацитетот на работа беа набавени уште четири нови европски преси за ладно цедено масло.