Во 2015 година, лепезата на производи продолжува да се зголемува, се пуштаат во промет лупен сончоглед, интегрален сусам и интегрален мелен сусам, пакувани во 250г кутии.
Во овој период е направен и првиот извоз во познатите маркети на Метро во Бугарија.
Денес, клучната стратегија на компанијата е што повеќе да ја зацврсти положбата на домашниот пазар и се поголемо присуство на своите производи во сите маркети во земјата. Стратешка определба е да се освојат пазарите на земјите соседи на Македонија, со посебен акцент на Албанија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово.
Компанијата во моментот има 14 вработени, секој од нив стремејќи се да создаде модерна и здрава работна средина, силно верувајќи во производот и брендот Фила и во неговата светла и голема иднина.