Во 2013 година, производната програма се зголеми уште за неколку вида масла, масло од печен сусам, масло за пиење Q-10 (мешавина на масло од лен и горка кајсија), масло црно семе, масло од горка кајсија и салатно масло (мешавина на маслиново масло и масло од сончоглед). Во овој период маслата веќе се групирани во две групи: масла за јадење и масла за пиење.
Оваа година се пуштени во производство и нови проиводи кои влегуваат во делот на додатоци за исхрана како што се: обезмастено мелено ленено семе и обезмастено мелено црно семе.
Маслата полека, но сигурно стануваа препознатливи на пазарот. Се случува феномен кај потрошувачите, кои откако ќе го пробаат различниот вкус на маслото споделуваа со вработените секакви коментари, на пофалби и критики, но едно беше сигурно, секој што ќе пробаше некое од маслата и ќе направеше разлика во однос на дотогаш познатите масла за јадење, тој веќе стануваше наш редовен купувач.