Во 2012 година, раководството на фирмата одлучи да организира сопствена дистрибутивна мрежа, со цел поголема сигурност, поголема грижа за производот и редовна и навремена достава на производот до потрошувачите. Ова одлука набргу донесе голем резултат и мошне бргу целокупната производната програма стана се повеќе препознатлива помеѓу потрошувачите на домашниот пазар.
Во текот на оваа година лепезата на производи значително се прошири, така да покрај маслото од сончоглед и маслодајна репка, на пазарот се појавија многу други масла, како што се масло од: лен, сусам, тиква, мешавина на тиква и сончоглед и маслиново екстра девствено масло.