Масло од лен 4000-2000 год п.н.е е периодот кога се смета дека започнало одгледувањето на ленот во Медитеранските земји и некои делови од Блискиот Исток. Уште на почетокот вредноста на ова семе била многу голема и главно се користело во кулинарството, а поради своите нутритивни вредности, здраствени и кулинарски придобивки во осмиот век кралот Карло Велики донел закон со кој ги обврзува своите поданици да го користат ова семе.
Маслото од лен има светло жолта боја кое се добива од семето на растението лен. Тоа е ладно цедено масло без хемиски компоненти, добиено по постапката на ладно пресување на семето. Сите нутритивни и здраствени придобивки кои ги има семето ги содржи маслото од лен, бидејќи со постапката на ладно пресување, која е на температура не повисока од 40 степени се задржуваат сите хранливи состојќи.
Ленот и маслото од лен во педесетите години на минатиот век биле промовирани како храна и додаток во исхраната со анти-канцерогени својства. Се смета дека го намалуваат нивото на холестерол, го зајакнуваат имунолошкиот систем и служат како превенција за канцер.

NUTRITION INFORMATION
100 г производ содржи просечно:
Енергетска вредност 3698кЈ/884Kcal
Вкупно масти 100г
Од кои:
мононезаситени 22г
полинезаситени 68г
заситени 10г
Витамин Е 58г
Фитостероли 326мг
Јаглехидрати
Диететски влакна
Шеќери
Протеини
Витамин А
Витамин Ц