Our Recipes

___________________________________________________________

Вкусно патување со сетилата и мислите никогаш не штети! Ви предлагаме да го пробате нашиот брз рецепт за тестенини со домашен доматен сос, кој ќе го освои вашето семејство. Се подготвува многу лесно и што е важно, едноставно од само неколку состојки, а вкусот е неверојатно добар. Сочност и свежина во секое залче, а потребно е кратко време за јадењето да е на трпезата

Sunflower oil salads

Broccoli and sunflower seeds salad

Best paired with

СОСТОЈКИ

  • 500 г шпагети
  • За сос:

  • 7-8 средно големи и зрели домати
  • ладно цедено сончогледово масло од Фила по потреба
  • свеж босилек по вкус (за замена може да користите оригано)
  • 1/2 до 1 лажиче црн пипер
  • 1/2 до 1 лажиче сол или по вкус.
  • За сервирање и декорација:

  • рендан пармезан по потреба
  • неколку ливчиња босилек, а може и друг зачин по желба.
Начин на подготовка:

1. Најпрво ставете ги шпагетите да се варат според упатството на пакувањето.
2. Потоа подгответе го доматниот сос. Доматите измијте ги и засечете ги на врвовите во вид на крст, односно и попречно и надолжно во линија со должина од 1 до 1,5 см. Тоа ќе помогне подоцна лесно да ги излупите.
3. Така припремени ставете ги во вода која врие и оставете ги во неа околу 3-4 минути, а потоа излупете ги. Лупењето започнете го од засечените краеви.
4. Излупените домати сечете ги на ситни коцки.
5. Потоа, во тава на оган загрејте малку од ладно цедено сончогледово масло и додајте ги доматите исечкани на коцки. Динстувајте ги со повремено мешање, додека сосот стане кремаст. За време на динстувањето додајте ги солта и црниот пипер.
6. Пред крајот исечкајте го поситно свежиот босилек или ако немате, за замена може да користите оригано. Откако ќе го додадете, гответе само кратко.
7. Исцедените и сварени шпагети сервирајте ги во чинии, а потоа врз нив сервирајте од домашниот доматен сос и поросете рендан пармезан.
8. Декорирајте со ливчиња свеж босилек или по желба, друг зелен зачин.
Едноставно и брзо, до вкусно решение за ручек или вечера, нели?! – На здравје!

Препорака плус:
Во богатата палета на Фила може да најдете ладно цедено сончогледово масло од 250 мл, 500 мл, 750 мл, 1000 мл и шалган – ладно цедено сончогледово масло. Истите може да се најдат во поголемите маркети и продавниците за здрава храна, а можете да ги порачате и онлајн на нивната веб продавница.