Областа Модена се смета за најпозната област на вистинскиот оцет- балсамико, каде се и првите почетоци на неговото производство. Тука експертите ги земале првите мостри на грозје, ги правеле во концентрат, за потоа да добијат квалитетeн, здрав оцет, далеку познат низ целиот свет. Агрофила пројави интерес за увоз токму на вакво квалитетно балсамико, полнето во Модена под брендот Фила. Деновиве беа донесени и првите количини на овој производ, кои веќе се достапни и за нашите потрошувачи во сите поголеми маркети.
Ова балсамико е сертифицирано со ознака на географско потекло од страна на Конзорциумот на производители на традиционални балсамика на Модена, што претставува уште една потврда за квалитет и инзвореден вкус. Пробајте го!