На 15.11.2015 год. во Штип по втор пат се одржа планинската трка Струмина Трејл со старт од средното медицинско училиште. Должината на трката изнесуваше 19км. со 650 м+D. Патеката се простираше по штипските ридови поминувајќи низ многу живописни предели. Главната контролна и окрепна точка се наоѓаше во селото Липов Дол на 9,5 км од стартот на трката. Организацијата на трката беше во рацете на неколку планински тркачи од Штип во координација со здружението ТРЕКС.
На Струмина Трејл земаа учество 82 тркачи од различни градови во Македонија. Агрофила ја имаше таа чест да биде дел од овој настан како подржувач со симболични награди за првопласираните. Девизата на Агрофила е да го подржува здравиот начин на живот и исхрана кај луѓето. Честитки за сите учесници кои ја завршија трката.
Очекуваме во иднина да се продолжи со ваквите ентузијастички настани зад кои планираме да застанеме со уште поголема подршка.