Соларната енергија е 100% чист, обновлив извор на енергија кој го користи сонцето како неограничен извор и притоа не создава загадување и не му штети на озонскиот слој. Индустриските системи за соларна енергија се инвестиција во иднината на планетата што може да помогне во заштита на животната средина. Токму во тој поглед Агрофила како компанија специјализирана за производство на 100% ладно цедени масла, оваа година ја заврши својата инвестиција во соларни панели. На овој начин, енергијата која ни е потребна во производниот процес е целосно добиена од природата, од енергијата која потекнува од сонцето. Со тоа сме позиционирани како еколошки ориентирана компанија која се грижи за
зачувување на животната средина.