На 23-24 Ноември во Хотел „Александар Палас” Скопје се одржа конференција за имплементација на иновативни технологии кои ќе дадат придонес кон поттикнување и поддршка на развојот на агро бизнисот како една од најпотенцијалните гранки во македонската економија. Конференцијата претставуваше зближување на двете индустрии за подобро да ги разберат своите меѓусебни потреби и барања со цел да се олесни влезот на ИКТ индустријата на пазарот и да им се овозможи на фармерите и агрокомпаниите да дознаат на кој начин може ги стават технологиите во функција на остварување на подобра конкурентност и зголемена профитабилност. На конференцијата имаше присуство на повеќе од 200 учесници, претставници од ИКТ и Агро компаниите, државните институции, донаторските организации како и клучни експерти од областа на ИКТ и Агробизнисот. Од финансискиот сектор, беше подржано од ПроКредит Банка.


Традиционално, ПроКредит Банка како лидер во финансиска поддршка на агро секторот ги награди најуспешните иновативни компании во Македонија за 2016 година, а тоа се: Агрофила за единствен производител на ладно цедено масло кое е термички и хемиски необработено, Кадино Индустри Груп за прва лабараторија во Македонија за испитување на хемиски и физички својства на пченицата и брашното, Антхура МК за единствена компанија во нашата земја која користи современи технологии за лабараториско производство на орхидеи, Еуропеан Плантс за уникатен начин на обликување и одгледвуање на декоративни дрва и растенија. Наградите беа доделени од страна на Емилија Спировска, член на Управен Одбор од ПроКредит банка со предходна кратка презентација на наградените компании.

pkb-agrofila6
Голема благодарност до ПроКредит банка за наградата, ние и понатаму ќе продолжиме во инвестирање и модернизација на нашето производство и зголемување на палетата на нашите производи. Ќе настојуваме да бидеме се повеќе препознатливи како на нашиот пазар, така и пошироко!