Маслото од лен е одличен природен извор на нутриенти кои имаат научно докажано и во праксата потврдено дејство на превенција на многу здравствени состојби и заболувања. Тоа е еден од најдобрите растителен извори на омега 3 есенцијални масни киселини, фитостероли и други биоактивни состојки кои синергистички ефикасно помагаат кај 9 различни состојби. Прочитајте зошто е добро и потребно да го внесете ладноцеденото масло од лен во вашата секојдневна исхрана.

1. Одржување на здравјето на крвните садови – специфичниот состав на маслото од лен, а посебно високата концентрација на алфа-линоленската омега 3 масна киселина имаат научно докажано дејство во одржување на здравјето на крвните садови. Редовниот внес на извори богати со АЛА омега 3, како што е маслото од лен, ги спречува оштетувањата на внатрешната обвивка на крвните садови (васкуларниот ендотел) со што се превенира појавата на висок крвен притисок и атеросклероза (формирање на наслаги од масти и стеснување на крвните садови).

2. Балансирање на хормоните и превенција на рак на гради кај жените – истражувањата потврдуваат дека фитоестрогените во маслото од лен заедно со есенцијалните омега 3 масни киселини спречуваат прекумерна активација и дејство на естрогенот и го смируваат воспалителниот одговор на организмот со што помагаат во превенција и заштите од појавата на ракот на гради и други естрогено зависни форми на рак. Маслото од лен исто така спречува прекумерна продукција на простагландини, со што се постигнува олеснување на симптомите и тегобите на пред менструалниот синдром, како и на ендометриозата. Науката исто потврдува дека фитоестрогената активност на лененото масло дејствува позитивно во балансирање на хормонскиот статус и регулирање на состојбата на естрогена доминација.

3. Подмладување на кожата и третман на егземата – егземата како состојба на кожата која се појавува како резултат на алергиска реакција на одредена храна или хемикалии од средствата за лична хигиена или козметика, резултира со појава на сува, воспалена, зацрвенета кожа која чеша. Конзумирањето на 1 до 2 лажици на ладно цедено масло секој ден не само што помага да се одржи еластичноста на кожата туку го смирува и воспалението. Добро е да се користи и како природен начин за подмладување на кожата, бидејки истата ја одржува нахранета, еластична и ја спречува појавата на брчки и оштетувања до кои доаѓа со стареењето.

4. Подобрување на здравјето на дигестивниот систем (олеснување при диареа и опстипација) – истражувањата покажуваат дека маслото од лен има двојна улога, за висно од потребата на организмот. Од една страна маслото од лен го подмачкува дебелото црево и со тоа овозможува негово полесно празнење, со што ги олеснува тегобите предизвикани од опстипацијата, а од друга страна, помага во олеснување и смирување и на диареата, како и во подобра задршка и искористување на нутриентите, потрени за оддржување на енергијата и нарушување на електролитниот статус на организмот.

5. Намалување на болката во зглобовите и мускулите – благодарение на својот избаланзиран однос на есенцијалните полинезаситени омега 6 масни киселини и омега 3 масните киселини, маслото од лен помага за синхронизација на инфламаторниот одговор на организмот со што помага во смалување на болките во зглобовите кои се јавуваат како последица на артритисот. Редовното секојдневно земање на 1 до 2 лажици на ладно цедено масло од лен се покажува ефикасно не само во намалување на болките во зглобовите, туку и во мускулите, вклучувајки ги и ишијалгичните болки во пределот на кичмата.

6. Смирување на нервите – благодарение на есенцијалните масни киселини, омега 3 и омега 6 , маслото од лен се покажува дека дејствува позитивно на превенција и намалување на оштетувањата на нервите, односно спречува трнење, боцкање на нервите и ги смирува. Истражувањата потврдуваат дека ги спречува оштетувањата на нервите кои се појавуваат како последица на дијабетес, мултиплекс склероза, а дека дури дејствува позитивно и кај Паркинсонова болест.

7. Подмладување и заштите на очите – омега 3 масните киселини во маслото од лен превенираат оштетување на нервните клетки во окото и ја зачувуваат функцијата на очниот нерв. Исто така, помагаат и во превенција на појавата на макуларна дегенерација (состојба на постепено губење на видот како последица на дегенеративни промени-оштетувања на макулата во очната ретина).

8. Заштита за белите дробови – омега 3 масните киселини во маслото од лен ги неутрализираат штетните радикали од оштетување на клетките во белите дробови, особено штетните радикали од токсините од воздухот и маслото докажано помага кај лицата кои страдаат од астма за намалување на тегобите со дишењето и опструктивните напади.

9. Регулирање на тежината и намалување на целулитот – маслото до лен дејствува како природен лаксатив со што не само што помага дигестивниот систем ефикасно да ги елиминира токсините, туку и помага во намалувањето на вишокот на килограми. Со намалување на времето на транзит на храната во цревата се скратува можноста се асорпција на калории од храната со што с епомага во слабеењето. Исто така, маслото од лен се покажува дека ја подобрува синтезата на колаген во организмот со што се редуцира појавата и видливоста на целулит а се враќа еластичноста и цврстината на кожата.

Само со редовен внес на ладноцеденото масло од лен, односно неговата консумација како додаток во исхраната или термички необработено, во вашите салати и јадења, ќе можете да ги исползувате сите негови нутритивни и здравствени придобивки!

Подготвил: Сашко Дрвошански – Нутриционист