Our Recipes
___________________________________________________________
Најубавата зимница може да ја приготвите дома, нели е така? Уживајте во вкусот на италијанската кујна преку целата година. Направете си сушени домати во тегла со маслиново масло и оригано! Инспирирани од екстра девственото маслиново масло и ладно цеденото сончогледово масло од Фила ви приготвивме супер рецепт. Доматите можете да ги исушите на септемвриското сонце или пак во рерна, а кој и начин да го изберете постапката може да ја прочитате во понатамошниот текст. Сушените домати совршено се комбинираат со тестенини, месо, риба и салати.

Sunflower oil salads
Broccoli and sunflower seeds salad
Best paired with


- 5 кг мали домати
- 1 ½ чаша екстра девствено маслиново масло од Фила или ладно цедено сончогледово масло по избор
- 1 лажица оригано
- ½ мала лажичка пипер во зрно
- 1 лажица сол
- 1 мала лажичка шеќер
Подготовка:
1. Доколку се одлучите да го искористите септемвриското сонце, доматите исечете ги на парчиња со дебелина од 7-10 мм. Отстранете им ги семките и сокот. Наредете ги врз хартијата за печење во еден слој, посолете ги добро (штом се добро посолени, на нив нема да застанат инсекти) и ставете ги на сончево место. На крајот од денот внесете ги во затворен простор, а следното утро решетката повторно ставете ја на сонце.
2. Другиот ден превртете ги и оставете ги пак на сонце. Доматите би требало да се исушат за два до четири денови во зависност од тоа колку сончево е времето. Готовите домати треба да потемнат и да се собираат. Но, не треба да бидат премногу тврди.
3. Доколку се одлучите да ги исушите во рерна, следете ги инструкциите. Рерната пуштете ја да се загрева на 90 степени Целзиусови. Потоа измијте ги и исушете ги доматите. Во тавата ставете хартија за печење и попрскајте со половина од шеќерот и солта. Доматите исечете ги на половина и ставете ги врз тавата, а потоа наросете ги со сол и шеќер. Печете ги за време од 10 до 14 часа (зависно од големината на доматите и рерната). По 8 часа проверете ги доматите, а оние кои се готови извадете ги од тавата. Сувите домати ставете ги врз кујнска решетка и покријте ги со чиста крпа.
4. Во чисти, стерилизирани тегли ставете ги доматите и додајте ги зрната пипер, ориганото и дополнете со маслиново масло. Притиснете со лажица за да може маслото да ги покрие доматите. Вака приготвените тегли чувајте ги во темно, ладно и суво место.
5. По 1, 3 и 7 дена, отворете ги теглите и проверете дали доматите сѐ уште се покриени со маслото. По потреба додајте уште маслиново масло. Тоа е тоа! Уживајте во вкусот на преку целата година.
Совети плус:
• Доколку доматите се чуваат на правилен начин, може да се консумираат по 30 денови, а нивната трајност ќе биде до 12 месеци.
• Ако обожавате зимница со ладно цедено масло ви предлагаме ги пробате Фила црвените, жолтите и зелените пиперчиња со млечна урда. Истите може да ги набавите преку онлајн продавницата на Фила или да ги купите во поголемите маркети. Превкусни се и ви гарантираме дека ќе ви се допаднат!