Нашите рецепти

___________________________________________________________


Рецепти за пекарски производи

СОЛЕНКИ со безглутенско брашно

Најдобро приготвено со

Состојки:

  • 800 гр. безглутенско брашно – ФИЛА
  • 250 мл. млеко
  • 1 маргарин
  • 180 гр. Ладно цедено сончогледово масло – ФИЛА
  • 2 кафени лажици сол
  • 2 јајца
  • 1 кафена лажица шеќер
  • 1 свеж квасец (40 гр.)
Начин на подготовка:

Во топло млеко се разматуваат квасецот, шеќер и малку од безглутенското брашно.
Во сад се става брашното и во него се додаваат стасаниот квасец, зејтин, сол, две жолчки и омекнат маргарин.Се замесува меко тесто и по желба при месењето се додава сусам, ким и оригано.
Од тестото се обликуваат стапчиња од околу 10 см. -1,5см широчина и се премачкуваат со белка.Се печат на 200 ºС до вцрвенување.