Ова масло е комбинација на ладно цедено сончогледово масло (70%) и екстра девственото маслиново масло (30%). Фила ладно цеденото сончогледово масло е добиено од најквалитетни семиња. При процесот на ладно цедење температурата не надминува повеќе од 45°C, со што во ова масло се задржани сите природно присутни и високовредни состојки. Тоа е богато со незаситени масни киселини и со витамин Е, што не се отстранува од маслото со постапката на ладно цедење.
Маслиновото масло е природен производ добиен од прво пресување на плодот од маслинката, во која се сочувани сите биолошко вредни и хранливи состојки. Ова масло е од најпознатата област во Грција за производство на врвен квалитет на маслинки- Каламата. Маслото е врвен зачин, им дава деликатесен вкус на сите видови јадења и салати. Oваа мешавина од масла може да се посипе над свежо приготвените јадења непосредно пред сервирање. Маслото е доста стабилно, па затоа има долг рок на траење. Не содржи конзерванси ниту други адитиви.
НУТРИТИВНИ ПОДАТОЦИ 100 г производ содржи просечно: |
Енергетска вредност | 3968KJ/884kcal |
Вкупно масти | 100g |
Од кои: | |
мононезаситени | 45g |
полинезаситени | 45g |
заситени | 10g |
Витамин Е | 32мг |
Јаглехидрати | 0г |
Диететски влакна | 0г |
Протеини | 0г |
Витамин А | 0г |
Витамин Ц | 0г |