Нашите рецепти

___________________________________________________________


Рецепти за пекарски производи

ЛЕБ со безглутенско брашно

Најдобро приготвено со

Состојки:

  • 500 гр. безглутенско брашно – ФИЛА
  • 400-450 мл. вода
  • 1 јајце
  • квасец
  • сол
Начин на подготовка:

Состојките се ставаат во подлабок сад и тестото се замесува со миксер. Се остава да стаса на топло покриено со влажна крпа. Кога ќе стаса кратко се прематува со миксер или рачно и се става во претходно подмачкан и побрашен калап за леб. Се остава повторно да нарасне на топло до исполнување на калапот. Се пече во претходно загреана рерна на 210- 220 С , 40-50 мин.