
Ова е свежо исцедено масло од тиквини семки. Тиквините семки даваат темнозелено, меѓутоа извонредно вкусно масло. Методот на ладно цедење овозможува во маслото да се задржат оригиналниот, богат вкус на тиквините семки и темнозелената боја на природното нерафинирано масло, што означува висока содржина на хлорофил.
Маслото од тиквини семки содржи висок процент од двете есенцијални масни киселини (омега 3 и омега 6), што го прави високо хранливо и корисно масло во исхраната. Маслото од тиквини семки им дава деликатесен вкус на сите видови салати, посебно на салатите од зелен лист и компир салатите.
НУТРИТИВНИ ПОДАТОЦИ 100 г производ содржи просечно: |
Енергетска вредност | 3698кЈ/884Kcal |
Вкупно масти | 100г |
Од кои: | |
мононезаситени | 28г |
полинезаситени | 60г |
заситени | 12г |
Витамин Е | 26г |
Јаглехидрати | 0г |
Диететски влакна | 0г |
Шеќери | 0г |
Протеини | 0г |
Витамин А | 0г |
Витамин Ц | 0г |