omega3-6-2

Масло од сусам е растително масло добиено од сусамово семе. Масло од сусам потекнува од растението Sesamum indicum. Семето се пресува за да се добие светло- жолто масло, кое содржи здрави, незаситени масни киселини вклучувајќи ги и линолова, палмитинска, олеинска и стеаринска киселина. Овие масни киселини лесно се апсорбираат во организамот. Маслото исто така ги содржи витамините А, Б и Е. Масло од сусам е едно од постабилните природни нерафинирани масла, но сепак е ограничено и треба да се внимава од поголема изложеност на светлина и високи температури за време на екстракцијата, преработката и складирањето со цел да се минимизира загубата на хранливи материи по пат на оксидација. Сусамовото масло се користи како лековито масло илјадници години наназад.

НУТРИТИВНИ ПОДАТОЦИ
ДОЗИ ВО ПАКУВАЊЕ: 33 ГОЛЕМИНА НА ПОРЦИЈА: 15мл
Просечното количество ЕДНА ЛАЖИЦА (13,6г)
Енергетска вредност 37кЈ/122Kcal
Вкупно масти 13,6г
Од кои:
мононезаситени 5,44г/40%
полинезаситени 6,12г/45%
заситени 2,04г/15%
други масни кисел. <1%
Јаглехидрати
Протеини
Витамин Е 7,08мг