Маслото од репка или канола масло доаѓа од црното семе од репка растението, Brassica napus, кое произведува сончево жолти цветови на пролет.
Ладно цеденото масло од репка го препорачуваат сите нутриционисти, поради неговите хранливи состојќи и нутритивни вредности. Со големата содржина на витамин Е, Омега-3, 6 и 9 тоа е одличен извор на есенцијалните масни киселини кои му се неопходни на организмот, бидејќи сам не може да ги произведе.
Витаминот Е ги штити нашите клетки и е одличен антиоксидант. Ова масло има поголема количина на Омега 3 отколку било кое друго масло. Омега-3 го намалува нивото на холестерол, помага при воспаленија и игра голема улога за подобрување на функцијата и развојот на мозокот. Маслото од репка содржи Омега-6 кој помага во намалување на нивото на холестерол во крвта, во одржувањето на здрава коса, нокти и кожа, како и во подобрување на имунолошкиот систем. Исто така содржи Омега-9 кој помага во развојот на мозокот кај неродените деца и има клучна улога во подобрување на имунитетот и како превенција за канцер.

Прочитај повеќе

НУТРИТИВНИ ПОДАТОЦИ
100 г производ содржи просечно:
Енергетска вредност 3698кЈ/884Kcal
Вкупно масти 100г
Од кои:
мононезаситени 63g
полинезаситени 30g
заситени 7g
Витамин Е 45г
Фитостероли 797мг
Јаглехидрати
Диететски влакна
Шеќери
Протеини
Витамин А
Витамин Ц