Нашите рецепти

___________________________________________________________

И печените крилца се подеднакво вкусни како и пржените! – Сте знаеле ли дека може да направите вкусни и крцкави крилца и во рерна? – На тој начин тие имаат крцкава кора, а внатре се вкусни и сочни. Може да ги послужите како мезе со доматен сос, кечап или сос за скара додека гледате некој спортски натпревар или филм со вашите пријатели. Брзо, вкусно и неодоливо. За неполн час може да подготвите вистинско гурманско уживање за вас и за вашето семејство, повкусно и поздраво од во ресторан. Рецепт кој вреди да се проба уште во првата прилика!

Салати со масло од сончоглед

Салата со брокула и семки од сончоглед

Најдобро приготвено со

СОСТОЈКИ

  • 2 кг пилешки крилца
  • 100 г брашно
  • ½ ќесичка прашок за печиво
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 2 лажици мелен црвен пипер (по желба може и лут)
  • 1 мала лажичка сол
  • ½ мала лажичка лук во прав
  • ладно цедено сончогледово масло од Фила по потреба.
Начин на подготовка:

Во длабок сад промешајте ги брашното, прашокот за печиво и зачините. Крилцата наредете ги врз кујнска хартија за да се потсушат. Потоа, малку намрсете ги со ладно цедено сончогледово масло, посолете ги и на крај нанесете врз нив од претходно направената смеса од брашно и зачини. Вака припремени, крилцата наредете ги врз плех обложен со хартија за печење. Печете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути од едната страна, па завртете ги и печете ги уште дополнителни 10-15 минути од другата страна. Послужете ги со сос по ваша желба. На здравје!

Препорака плус:
Во богатата палета на Фила може да најдете квалитетно ладно цедено сончогледово масло во различна амбалажа со количина по ваш избор. Достапно е ладно цедено сончогледово масло од 250 мл, 500 мл, 750 мл и 1000 мл. Тука е и маслото Шарлаган од 1 литар, кое исто така е ладно цедено сончогледово масло и е одлично за секојдневна употреба. Истите може да се најдат во поголемите маркети и продавниците за здрава храна, а можете да ги порачате и онлајн на нивната веб продавница. Од Фила ги препорачуваат ладно цедените масла за готвење на сите ваши јадења и салати.