Нашите рецепти

___________________________________________________________

Ајварот е омилено традиционално јадење, посебно кога е топол и пресно подготвен и доколку е направен со ладно цедено сончогледово масло Фила! Ајварот направен со Фила сончогледово масло е целосно домашен производ, пиперки од македонски плантажи и масло направено од Пелагониско сончогледово семе.

Предноста е што при подготовка ставате половина од регуларната доза масло, а добивате двојно поздрав и повкусен ајвар.

Во продолжение следува домашен рецепт за ајвар:

ajvar

Ајвар

Традиционален Македонски рецепт

Најдобро приготвено со

soncogled-maslo-1l
СОСТОЈКИ

  • 60 кг Црвени пиперки
  • 20 модри патлиџани
  • 3л – 3,5л Фила сончогледово масло
  • 200г – 300г сол
Начин на подготовка:

Прв чекор: Се одбираат црвени пиперки со убави рамни површини и модри патлиџани со средна големина. Се внимава модрите патлиџани да не нагорнуваат.

Втор чекор: Пиперките и модриот патлиџан се мијат, пожелно е да се отстранат шишките од пиперките, и се печат убаво од сите страни. Печените пиперки и модриот патлиџан се стават во поголем сад со капак. Целта на капакот е да овозможи полесно лупење.

Трет чекор: Се лупат пиперките и патлиџанот и се стават да се цедат неколку часа.

Четврти чекор: Добро исцеденипиперките и патлиџанот се мелат.

Петти чекор: Мелените пиперки и модриот патлиџан се стават во големо тенџере, познато под името „шерпа“ на добро распален оган. Се стават пиперките и патлиџанот и 10-тина минути се брка непрекинато за да испари неисцедената вода, па се става 1л Фила масло и 100г сол. Цело време се брка смесата за да не загори. На секој половина час се додава по ½ литро масло и се додава сол по вкус. Пржењето се одвива околу 2,5-3часа, зависно од количината на пиперките. Штом при мешањето на ајварот зебележате дека на лажицата останува трага и се гледа дното на тенџерето, тоа значи дека ајварот е скоро готов. Не треба да дозволите зејтинот да излезе на површината на смесата.

Шести чекор: Готовиот ајвар се собира во тегли затоплени на 50степени и добро се затвора.

Се препорачува да се јаде намачкан на леб со парче сирење.

Убав апетит!

.