Историјат на фирмата

2018
February 5

2017

Продирајќи се на европските пазари во производство на ладно цедени масла кои се ценовно достапни и квалитетни, оваа 2017-та година влеговме и во Полска. Доследно придржувајќи се до годишниот план за капитални вложувања Агрофила ДООЕЛ успешно ги реализираше планираните инвестициски активности во нов складишен простор за суровина во рамките на самата компанија. Од нови производи го издвојуваме маслото од чиа, покрај него, и обезмастеното мелено семе од чиа. Постојаното тежнеење кон отворање нови пазари и нови перспективи, налага внимателно следење на трендовите од областа на здравата храна и нивно имплементирање во нашето дејствување. Ова мото ќе не води и во нарената година.
February 1

2015

Во 2015 година, лепезата на производи продолжува да се зголемува, се пуштаат во промет лупен сончоглед, интегрален сусам и интегрален мелен сусам, пакувани во 250г кутии. Во овој период е направен и првиот извоз во познатите маркети на Метро во Бугарија. Денес, клучната стратегија на компанијата е што повеќе да ја зацврсти положбата на домашниот пазар и се поголемо присуство на своите производи во сите маркети во земјата. Стратешка определба е да се освојат пазарите на земјите соседи на Македонија, со посебен акцент на Албанија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово. Компанијата во моментот има 14 вработени, секој од нив стремејќи се да создаде модерна и здрава работна средина, силно верувајќи во производот и брендот Фила и во неговата светла и голема иднина.
February 1

2014

Во 2014 година, лепезата на производи се збогати уште со два нови производи, ленено семе и семки од тиква пакувани во 250г кутии. Присутен е постојан стремеж за успех на брендот Фила кој за кратко време достигна одлични резултати и препознатливост на пазарот и резултира со 50% раст во продажбата во сите домашни маркети. Во овој период е направен и првиот извоз во познатите маркети на ХДЛ во Црна Гора.
February 1

2013

Во 2013 година, производната програма се зголеми уште за неколку вида масла, масло од печен сусам, масло за пиење Q-10 (мешавина на масло од лен и горка кајсија), масло црно семе, масло од горка кајсија и салатно масло (мешавина на маслиново масло и масло од сончоглед). Во овој период маслата веќе се групирани во две групи: масла за јадење и масла за пиење. Оваа година се пуштени во производство и нови проиводи кои влегуваат во делот на додатоци за исхрана како што се: обезмастено мелено ленено семе и обезмастено мелено црно семе. Маслата полека, но сигурно стануваа препознатливи на пазарот. Се случува феномен кај потрошувачите, кои откако ќе го пробаат различниот вкус на маслото споделуваа со вработените секакви коментари, на пофалби и критики, но едно беше сигурно, секој што ќе пробаше некое од маслата и ќе направеше разлика во однос на дотогаш познатите масла за јадење, тој веќе стануваше наш редовен купувач.