son-0.5

Се смета дека сончогледот потекнува од Северна Америка и дека Индијанците се први кои почнале да го одгледуваат пред околу 8000 години. Тие го користеле сончогледот како диуретик и подобрување на видот, но исто така претставувал главна компонента во исхраната се до периодот кога Европејците прв пат ја посетиле Америка.
Ладно цеденото сончогледово масло се произведува по пат на ладно пресување на семето во специјални преси на температура не повисока од 40°C. Оваа постапка на ладно цедење е едноставен метод на гмечење на семето, без употреба на топлина и хемиски растворувачи (т.е без рафинирање на производот), при што се добива чисто масло во кое се задржани вкусот, аромата и нутритивните вредности на семето. Тоа има жолто-златна боја, но бојата најмногу зависи од својствата на семето.
Ова масло има повеќе витамин Е од било кое друго масло, кој е добар антиоксидант и позитивно влијае врз човечкото тело.

Прочитај повеќе

НУТРИТИВНИ ПОДАТОЦИ
100 г производ содржи просечно:
Енергетска вредност 3698кЈ/884Kcal
Вкупно масти 100г
Од кои:
мононезаситени 32g
полинезаситени 57g
заситени 11г
Витамин Е 29мг
Фитостероли 329мг
Јаглехидрати
Диететски Влакна
Шеќери
Протеини
Витамин А
Витамин В