Нашите рецепти
___________________________________________________________
Без разлика дали сте во потрага по салати, леки закуски или пак главни јадења,овие рецепти се далеку од обични.
Рецепти со масло од маслодајна репка
Чоколадни банана мафини
Најдобро приготвено со

СОСТОЈКИ
- 3 зрели банани (може и презреани)
- 125 млЛадно цедено масло од маслодајна репка(маслото од маслодајна репка- поради високиот оксидационен број ќе им даде посебен вкус и мекост на мафините, карактеристики кои значително се разликува од вкусот и текстурата на мафини правени со друго масло)
- 2 големи јајца
- 100г кафеав шеќер
- 225г брашно
- 100г чоколадни трошки
- ½ – 1 кафена лажица сода
- 1 кафена лажица цимет
Начин на подготовка:
- Загрејте ја релната на температура од 200°
- Изглечете ги бананите со виљушка или со рачен миксер. Продолжете со мешање и постепено додадете ги маслото јајцата и шеќерот.
- Помешајте го брашното, циметот и содата бикарбона заедно и додадете ја оваа смеса во банана миксот со бавно мешање. Земете од смесата со супена лажица и помешајте ја во чоколадните трошки. Од таму ставете ја во претходно подготвени калапи за мафини.
- Печете во загреана релна од 15-20 минути. После печење оставете ги мафините да малку да се изладат во нивните калапи и потоа извадетеги на решетка или на салфетка.