На ден 13.11.2015год, во Скопскиот хотел „Континентал “по четврти пат се одржа фестивалот ВЕГЕФЕСТ, кој го сврти вниманието кон заштита на фармските животни, да поттикне, хумано, здраво и еколошко живеење. Фестивалот беше со целодневна богата програма, одлични предавања, превкусна храна, готвење, забава, дружење. Оваа година Агрофила за прв пат беше дел од фестивалот со изложување на својата палета на производи.

Ја подржуваме оваа иницијатива, повикуваме на сочувствителност, хуманост и разум, повикуваме да дадеме шанса на поинаков животен стил, почнувајќи од својата исхрана. Со овие мали чекори можеме да направиме големи и значајни промени за подобро на сите.

Еве неколку фотографии од наш агол.