Во тек е откуп на маслодајната култура- сончоглед. Оваа година Агрофила планира да откупи околу 1.000тони сончоглед од домашнот производство, претежно од Пелагонија и Овче Поле. Останатото ќе го набави преку увоз од Бугарија. Со гарантираниот откуп, се поттикнуваат земјоделците во повеќе региони на државата да ги зголемат површините со различни маслoдајни култури, како маслодајна репка, лен, но пред се сончоглед. Со тоа нашата компанија добива проверена и сигурна суровина од домашно потекло, гради повеќегодишни стабилни партнерски односи со земјоделците и произведува висококвалитетно масло за јадење чие што потекло точно се знае.
Со оглед на поволните временски околности, оваа година се очекува добар принос на сончоглед и со добар квалитет.
Во прилог ви прикажуваме неколку фотографии од наши површини на сончоглед и од наши кооперанти.